Италијанската енклава во Швајцарија пропаѓа по колапсот на нивниот „златен рудник”

Италијанската енклава на брегот на швајцарското езеро Лугано, Кампионе д’Италија се бори за опстанок, откако нејзиниот главен извор на приходи, месната коцкарница прогласи банкрот.

„СОС, Кампионе е мртов” – пишува на огромен натпис обесен наспроти големата десеткатница на казиното во облик на коцка и со затемнети прозорци. Поради банкротот на коцкарницата, 500 жители на гратчето останаа без работа.

– Оние кои имале среќа да се родат тука, имале среќа и да најдат работа, рече Фиоренцо Дориго, кој 21 година работел во казиното.

– По колеџот и служењето војска, сите пријатели од основно училиште се вратија да работат во казиното, истакнува тој.

Но, оваа бајка заврши лани во јули, кога Судот во Комо, одговорен за Кампионе, нареди затворање на казиното, бидејќи управата не ги исполнувала своите финансиски обврски кон локалните власти.

Сега следи расправа за тоа како да се спаси гратчето, а некои од идеите се вложување во туризмот и во нови технологии.

Би можело да ве интересира

Десетте туристички заповеди за Сплит

A1on

Подземен град во Кападокија стар 5.000 години – дел од туристичката понуда

A1on

Имиња на улиците – како Виена сè уште ги велича нацистите

A1on

Црквата Саграда Фамилија доби градежна дозвола после 137 години

A1on

Во карпа во Јужна Африка откриена вонземска материја

A1on

Прва плажа во Грција на која ќе биде забрането пушење цигари

A1on