Почнува аплицирањето за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9 отсто

Граѓаните отсега можат да аплицираат за новите и подобрени услови за субвенциониран станбен кредит. Со објава на законските измени во Службен весник стапуваат во сила пониски каматни стапки од 2,9 проценти, но и други поволности како дополнителна едногодишна субвенција од 30 проценти за родено или посвоено дете.

– Каматните стапки за првиот модел, во кој државата субвенционира дел од месечната рата, ги намалуваме од 3,95 на 2,9 отсто за првите три години. За четвртата и петата година каматите ги намалуваме од 4,44 проценти на 3,9. Ова се во моментот меѓу најниските каматни стапки за станбен кредит на пазарот. Намалувањето на каматните стапки значи сериозна заштеда за граѓаните. На пример, за кредит од 50.000 евра, само по основ на камати граѓаните ќе заштедат 1.300 евра, рекол Тевдовски, кога ги презентирал новите подобрени услови пред Македонската банкарска асоцијација, соопшти денеска Министерство за финансии.

Со измените се намалува и каматната стапка за моделот „учество“, се посочува во соопштението. Имено, наместо досегашната стапка од 4,5 отсто + 6-месечен Еурибор, со измените каматата е 4 отсто + 6-месечен Еурибор. Оваа камата, се подвлекува, важи за цело времетраење на исплата на кредитот.

– Одиме и чекор понатаму за поддршка на граѓаните кои планираат да формираат или да го зголемат семејството. Едногодишна субвенција на месечната рата (главнина и камата) во висина од 30 отсто за секое родено или посвоено дете за корисниците на кредитите кои ќе го зголемат семејството во рок од 10 години од добивање на кредит преку проектот, нагласил министерот Тевдовски.

Се предлагаат и нови модели на субвенционирање кои ќе обезбедат подобри услови, особено за младите. Кај моделот за купување на стан за млади, наместо 50 проценти субвенција, отсега државата ќе субвенционира 70 проценти месечна рата (главнина и камата) во првите пет години или 70 отсто од учеството. Со ова ќе се обезбедат повисоки субвенции за околу 2.500 евра во однос на порано.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Премиерот не може да биде и министер за финансии

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Од 1 јули поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните

A1on

Три потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

A1on

Тевдовски: Фич по 13 години го зголеми рејтингот на земјата

A1on

Тевдовски: Правдното оданочување успешна реформа, приходите од персоналецот со раст од 17,4 отсто

A1on

Тевдовски: Добрите економски резултати се потврда на добрата фискална политика

A1on