Гитанас Науседа нов претседател на Литванија

Познатиот економист Гитанас Науседа во вториот круг од претседателските избори во Литванија, ја победи поранешната министерка за финансии, Ингрид Симоните.

– Благодарна сум на луѓето кои гласаа денеска и можам да ветам дека политиката сега ќе биде поинаква во Литванија. Секој заслужува подобар живот во нашата прекрасна земја, рече Науседа.

Централната изборна комисија на Литванија соопшти дека по пребројувањето на гласовите од 1.521 од вкупно 1.972 избирачки места, 55-годишниот Науседа освоил 70 отсто од гласовите.

Поранешната министерка за финансии, Симоните, му ја честиташе победата.

– Ова е волјата на нашиот народ и јас ја почитувам. Веќе му се јавив на Науседа и му ја честитав победа, посакувајќи му да биде добар претседател на сите граѓани на Литванија, изјави Симоните.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Литванија Гитан Наусед положи заклетва во Парламентот

Скок на цените на куќите во Естонија, Летонија и Австрија

Топлотен бран ја погоди Литванија, шест лица се удавија

Ана Ололовска

Литванскиот премиер ќе поднесе оставка поради поразот на претседателските избори

Ана Ололовска

Литванија: Науседа и Симоните одат во вториот круг од претседателските избори

Ана Ололовска

Претседателски избори во Литванија

Ана Ололовска