Булман: ЕПП повеќе нема политичка моќ, бараме нова коалиција

Лидерот на групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Удо Булман, вечерва изјави дека Европската народна партија (ЕПП) ја изгубила политичката моќ на европските избори.

-Европската народна партија нема резултати и политичка моќ да ја води ЕУ и Европската комисија. Орбанизацијата на ЕПП не е запрена. ЕПП не може да бара, како свое право, да биде мнозинство, кое ќе одлучува кој ќе биде новиот претседател на Комисијата, рече Булман.
Тој вели дека социјалдемократите во новиот Европски парламент ќе се залагаат за поголема социјална правда.

Во тој контекст, тој најави создавање на нови коалиции во ЕП, кои ќе се залагаат за реформи и подобрување на животните и работните услови за „мнозинството, а не само некои” во Европа.

-Ние ќе работиме на формирање на прогресивни социјални сојузи, кои ќе го поддржат кандидатот на социјалдемократите Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија, порача Булман.

Лидерот на групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент вели дека гласачите јасно кажале дека сакаат ЕУ да биде поодлучна во борбата против климатските промени, но додава дека резултатите во оваа област не можат да се постигнат без резултати во други области на социјална правда.

Удо Булман рече дека европските социјалдемократи ќе се борат во Европскиот парламент, на прво место против сиромаштијата што ги засега децата, против нееднаквоста и избегнувањето плаќање даноци во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија

A1on

Евроизбори: Голем одзив и јакнење на екстремно десните партии

A1on

Историски резултат на италијанската екстремно десничарската „Лига“

A1on

Ферхофстат: Нов баланс на силите во Европскиот парламент

A1on

Прва проекција на новиот состав на Европскиот парламент

A1on

Највисок одѕив на изборите за ЕП во последните 20 години

A1on