Ферхофстат: Нов баланс на силите во Европскиот парламент

Лидерот на Алијансата на либерали и демократи за Европа и поранешен белгиски премиер Ги Ферхофстат изјави рече со овие европски избори заврши доминацијата на социјалистите и конзервативците во Европскиот парламент.

-Околу 100 наши пратеници и новата група, која ќе ја формираме во Европскиот парламент, ќе бидат клучни, бидејќи првпат од првите европски избори во 1979 година, класичните партии на социјалистите и конзервативците веќе нема да имаат мнозинство. Тоа значи дека нема да има солидно проевропско мнозинство без учество на нашата нова центристичка група, вели Ферхофстат.

Тој најави дека Алијансата на либерали и демократи за Европа во новиот состав на Европскиот парламент ќе се прошири со претставниците на француската листа Ренесанса, која ја предводи Република во движење на Макрон, но и други слични реформистички партии кои размислуваат слично.

-Очекуваме да освоиме нови 30 до 40 места на овие избори и да формираме група од околу 100 пратеници, рече Ферхофстат.

Тој оцени дека тоа ќе биде проевропска група, која ќе ја користи својата новодобиена моќ да се бори за амбициозна Европа.

Би можело да ве интересира

Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија

A1on

Евроизбори: Голем одзив и јакнење на екстремно десните партии

A1on

Историски резултат на италијанската екстремно десничарската „Лига“

A1on

Булман: ЕПП повеќе нема политичка моќ, бараме нова коалиција

A1on

Прва проекција на новиот состав на Европскиот парламент

A1on

Највисок одѕив на изборите за ЕП во последните 20 години

A1on