Цветанка Ласкова разрешена од позицијата координаторка на Форумот на жени на СДСМ

Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова по иницијатива на претседателот на партијата Зоран Заев на денешната седница на Централниот одбор си поднесе оставка од оваа партиска функција.

Ласкова во јавноста беше неколку пати споменувана во негативен контекст меѓу кои и за грантот од 330 илјади евра кој го доби синот на Ласкова за проект за информатичка технологија.

На Центарлниот одбор денеска по барање на претседателот на партијата Зоран Заев оставка си дадоа сите 6 потпретседатели на партијата. Оставките на Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски следуваат по разрешувањето на сите претседатели на општинските организации на СДСМ кое се случи минатата недела.

Оставка си поднесе и генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски, а на негово место ќе застане министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Од СДСМ ќе биде распишан интерен конкурс за пополнување на функциите кои беа разрешени денеска и во текот на минатата недела.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

СДСМ: Државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

A1on

СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

A1on

СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард

A1on