Нова демократија со предност од девет проценти пред СИРИЗА

Опозициската Нова демократија води на европските избори во Грција, со 9 проценти предност во однос на владејачката СИРИЗА, според првичните официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, по преброени 13,23 отсто од гласовите, заклучно со 22 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно:

Нова демократија 33,10 проценти

СИРИЗА 23,99 проценти

Движење на промена 7,23 проценти

Комунистичка партија на Грција 5,84 проценти

Златна зора 4,85 проценти

Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент

Мера25 (Варуфакис) 3,11 проценти

Останати партии 17,86 проценти

Според овие резултати, седум партии добиваат свои претставници во Европскиот Парламент. Излезноста на евроизборите според досегашните податоци било 56,50 отсто.

Би можело да ве интересира

Грција: Голем недостиг на екипи на Брза помош во туристичките места

A1on

Нема да се одржи предизборната ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии

A1on

Анкета: Нова демократија со предност од девет отсто пред СИРИЗА

A1on

Ципрас: Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на пристапни преговори со ЕУ

A1on

Делумно ставен под контрола пожарот во близина на Атина

A1on

Пожар во близина на Атина

A1on