Блокот на Меркел во пад, но со најголема поддршка од гласачите

Првите резултати од излезните анкети за изборите за ЕП во Германија, укажуваат на тоа дека владејачкиот блок на германската канцеларка Ангела Меркел ЦДУ / ЦСУ, иако во значителен пад, доби најголема поддршка од 28 отсто од гласовите.

Во битката за местата во ЕП, Зелените се во голема корист и втори се по поддршка, додека крајната е во мал пораст, објавија германски медиуми.

Иако владејачкиот блок ЦДУ / ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја доби најголема поддршка од 28 отсто од гласовите, тоа претставува значителен пад во однос на претходниот европски избори, кога унијата на десниот центар освои 35,4 отсто од гласовите.

Германските социјалдемократи оваа година паднаа од 20,7 отсто во 2014 година на 15,5 отсто.

Германските Зелените се на второ место со 22 отсто од гласовите по ЦДУ / ЦСУ, што е двојно повеќе од претходните европски избори.

Крајната десница, Алтернатива за Германија освои 10,5 отсто од гласовите, што е повеќе од 2014 година, но помалку од резултатите од парламентарните избори во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Потомците на последниот германски цар нема да го добијат замокот

A1on

Околу 300 војници го пребаруваат теренот по судирот на два борбени авиона во Германија

A1on

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

ВИДЕО: Се судрија два воени авиони над Германија, се трага по еден од пилотите

A1on

Имамоглу со убедлива победа на изборите за градоначалник на Истанбул

A1on

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул

A1on