Ирак се понуди да биде посредник меѓу Иран и САД

Ирачкиот министер за надворешни работи Мохамед Али Алхаким денеска понуди Ирак да биде посредник меѓу Иран и САД, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји, и рече дека Багдад ќе работат за да дојде до задоволително решение.

-Се обидуваме да помогне и да бидеме посредници, изјави Алхаким на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф во Багдад.

Алхаким, осврнувајќи се на санкции на САД, изјави дека не верува оти „економската блокада” е плодотворна и објасни дека Ирак е против едностраните чекори на Вашингтон.

Во последните недели, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран доведоа до тоа САД да испратат носач на авиони и бомбардери Б-52 во Персискиот Залив, поради закана од Иран.

САД, кои имаат 600 војници на Блискиот Исток, планираат да испратат уште 900.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, кој е во посета на Багдад, претходно изјави дека Техеран силно ќе се брани од каква било воена или економска агресија и ги повика европските држави да сторат повеќе за зачувување на нуклеарниот договор со Иран.

Според Зариф, неговата земја сака да изгради балансиран однос со заливските арапски соседи и предложи да се формира сојуз за ненапаѓање со нив.

Би можело да ве интересира

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

A1on

Уште еден американски воен брод вплови во води близу Блискиот исток

A1on

Град на Флорида исплати 600.000 долари на хакери

A1on