Вон Берген со првиот и последен гол за Јанг Бојс замина во пензија

На капитенот и легендата на швајцарскиот Јанг Бојс, Стив Вон Берген, му требаше да го одигра својот последен натпревар во кариерата за да го постигне својот првенец за клубот на метрополата.

Вон Берген својот прв гол го постигна по вкупно 326 одиграни натпревари за швајцарскиот клуб, за кого игра од 2013 година. Во моментот на погодокот целата екипа од Берн се затрча да го прегрне својот капитен, со што го насолзија 35-годишниот Шцајцарец.

Капитенот не можел ни да замисли подобро заминување од фудбалот, дотолку повеќе што неговиот клуб на последниот натпревар од сезоната синоќа го победи Луцерн со 4:0, и уверливо ја освои шампионската титула со дуи 20 поени повеќе од второпласираниот Базел.

Би можело да ве интересира

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

A1on

УЕФА го суспендира Сион

A1on