Педесет години Алан Форд – Подобро нечесно бегање отколку чесен пораз

Стрипот Алан Форд слави педесетти роденден. Половина век откако ТНТ групата од цвеќарницата за првпат се појави на киосци во Италија, тоа е голем јубилеј за сите љубители на стрипот.

Сатирата од тој стрип се уште се чита и цитира. Познати реплики од тој стрип се печатат на маици, се разменуваат меѓу најверни фанови, се паметат и се раскажуваат и иако со години се повторуваат – не губат од вредноста.

– Кој лета вреди, кој вреди лета, кој не лета, не вреди – Подобро да издадеш книга отколку пријател – Ако сакаш да победиш не смееш да загубиш – Подобро нечесно бегање отколку чесен пораз – Подобро да живееш сто години како милионер отколку седум денови во беда. Тоа се само некои од изјавите на тајните агенти на Групата ТНТ.

Приказните за неспособните тајни агенти, кои речиси секогаш победуваат во борбата против лошите момци, се на сценаристот Лучано Секи под псевдонимот Макс Бункер, а ликовите ги нацрта Роберто Равиола – Магнус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Криза на идентитет, пес мисли дека е прасе

A1on

Канаѓанка се разбудила сама, заклучена во темен, студен авион

A1on

Булдог изел 19 бебешки цуцли

A1on

ВИДЕО: Сталоне и Борисов си ги одмерија силите

A1on

Најсекси акценти во светот

A1on

(ВИДЕО) Бонд 25: Рами Малек потврдува дека ќе биде негативец

A1on