Анкета на Галуп: Дали би се бореле за својата држава? – Најмногу подготвени на Блискиот исток, најмалку во Западна Европа

Дали би се бореле, ако има војна, за својата држава и би го дале ли животот за неа?. Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот.

Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се борат за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бореле (67 отсто) додека жените – 52 отсто.

Најголем процент подготвени за војна за својата држава се на Блискиот исток и во северна Африка – 93 отсто додека најнизок е во Западна Европа – 25 отсто.

Во анкетата биле вклучени 62.398 луѓе – по илјада за секоја држава.

Најмалку во светот би се бореле за својата земја Јапонците – само 11 отсто. Следуваат во Холандија (15 отсто), Германија и Белгија (19 отсто), Италија 20 отсто…Најпоготвени за борба за својата држава се во Мароко и Фиџи – 94 отсто. Следуваат Пакистанците 89 отсто, Виетнамците 89 отсто, во Бангладеш – 86 отсто, Азербејцан – 85 отсто…

Во Европа предничи Финска – 74 отсто се подготвени за војна за одбрана на својата држава. Следува Турција 73 отсто, Украина 61 отсто додека во Русија тој процент е 59 отсто.

Од поранешна Југославија – Косово – 58 отсто, БиХ – 55 отсто, Србија 46 отсто и Македонија 38 отсто.

Муслиманите се најподготвени за војна – 78 отсто, хиндуисти 77 отсто, будисти 66 отсто, а по нив – атеистите и агностици – 57 отсто. Меѓу христијаните – 53 отсто православни, па католици – 52 отсто. Евреите се подготвени само 51 отсто.

Би можело да ве интересира

Рохани: САД ги поттикнуваат тензиите на Блискиот Исток

A1on

Британскиот министер за Блиски Исток утре во посета на Иран

A1on

САД на Блиски Исток ќе распореди и ракети Патриот

A1on

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

A1on

(ВИДЕО) САД објавија наводен доказ за вмешаност на Иран во нападите врз танкерите кај Оман

A1on

САД испратија ракетен уништувач во Оманскиот Залив

A1on