МЗТ Скопје Аеродром со два тима во Првата лига

МЗТ Скопје Аеродром ќе има два тима во наредната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција откако второлигашкиот состав денеска се избори за пласман во елитната конкуренција.

Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром, предводена од Горан Крстевски, се надигруваше против Академија ФМП во финалната серија од Втората лига.

Првиот натпревар, одигран пред четири дена го „добија“ кошаркарите на Игор Гацов, а на вчерашниот последен натпревар триумфираа момците од Аеродром со 66-77 односно 16-21, 15-25, 26-11 и 9-20 по четвртини.

Кошаркарите на Академија ФМП имаат уште една шанса за пласман во прволигашката конкуренција преку бараж натпревари против последнопласираниот во Плејаут лигата, Шкупи.

Би можело да ве интересира

Кошаркари и кошаркарки на кампот од развојниот проект „Заедно до М16“

A1on

КК Академија ФМП влезе во првата лига на Северна Македонија

A1on

МЗТ Скопје го порази Работнички

A1on

Заврши Супер лигата, следува плејофот во македонскиот кошаркарски шампионат

A1on

Работнички и МЗТ Скопје се одлучија за дерби без публика

A1on

Кошарка М-18: Партизан и МЗТ Скопје во борба за трофејот

A1on