Се одржа првата планинарска трка Охрид треил

Словенските натпреварувачи Јуре и Јања Облак кои се татко и ќерка се победници на првото издание на Планинарска трка Охрид треил која вчера се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид.

Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49). Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија со време (9.59.14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија која патеката од 60 километри ја помина за 10.06.45. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, а завршија 41.

Во склоп на Охрид треил се одржа и мала трка на 35 километри. Во машките најдобар беше Марјан Бонев од Македонија кој патеката ја помина за 3 часа, 59 минути и 42 секунди, а помеѓу женските најдобра беше Антонија Бежовска од Македонија со време (5.21.19). На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.

Пласман:

Машки 60км

1.Јуре Облак (Словенија) – 7 часа, 38 минути и 22 секунди
2.Дарин Марквард (САД) – 7.39.52
3.Никола Илиевски (Македонија) – 8.26.49

Женски 60км

1.Јања Облак (Словенија) – 9.55.21
2.Сања Најдовски (Македонија) – 9.59.14
3.Десислава Цветанова (Бугарија) – 10.06.45

Машки 35км

1.Марјан Бонев (Македонија) 3.59.42
2.Димитар Михаилов Миовски (Македонија) 4.06.28
3.Иван Пешовски (Македонија) 4.13.45

Женски 35км

1.Антонија Брежовска (Македонија) 5.21.19
2.Ана Милосављевиќ (Србија) 6.01.20
3.Катерина Николовска (Македонија) 6.02.12

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовски: Власта ги става партиските и бизнис интересите пред интересите на Охрид

A1on

Советникот Усеини се гони за физички и вербални напади, но не и за дивоградбите

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Арсовски: Во заштитен појас на УНЕСКО, советникот Усеини гради, општината знае и не реагира

A1on

Советникот Усеини гради и бетонска база на брегот од Охридското езеро на диво, општината знае но не реагира

Кристијан Ландов

Општина Охрид вели дека ќе ја отстрани дивоградбата кај Чинарот, но не кажува кога

Кристијан Ландов

Градоначалникот на Охрид наместо да ја спречи, тој ја поддржува дивоградбата кај Чинарот

Кристијан Ландов