Столтенберг: НАТО со нова воена стратегија поради Русија

НАТО ќе усвои нова воена стратегија поради „нуклеарните закани” што доаѓаат од Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг”.

„Оваа недела нашите воени експерти донесоа одлука да спроведат нова воена стратегија за Алијансата”, нагалсува тој.

Според него, причината за таквиот потег е „нуклеарната закана” што наводно доаѓа од Русија.

„Покрај тоа, Алијансата се соочи и со нови закани на исток и на југ“, рече Столтенберг. Треба да продолжиме да бидеме целосно подготвени за одбрана и да обезбедиме стабилност, што делумно бара нови воени концепции”, додаде Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on

Унгарија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

A1ON

НАТО: Русија има рок до 2 август да се усогласи со нуклеарниот договор

A1on

Патрушев: Американскиот дрон бил во иранскиот воздушен простор

A1on

„Блумберг“: Кина, Русија и Иран имаат намери да се вмешаат во изборите во 2020 година

A1on

Столтенберг се надева дека Северна Македонија ќе стане полноправна членка до декември

A1on