Русија: Процедурата на ОН е неприменлива во случајот „Керченски теснец“

Процедурата за решавање на спорови согласно Конвенцијата на ОН за правото на море, не се однесува на инцидентот во Керченскиот теснец, и арбитражата, која Украина треба да ја повика во врска со тоа не е надлежна во оваа област, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

-Во арбитражата, ние имаме намера доследно да ја браниме нашата позиција, вклучувајќи го и недостатокот на надлежност на арбитражата за да ја разгледа ситуацијата во светло на наведените околности, соопшти Министерството.

Меѓународниот трибунал за поморско право на ОН и пресуди на Русија дека мора да ги врати трите украински бродови и да ги ослободи 24 морнари, кои ги држи во притвор.

Трибуналот, со седиште во Хамбург, претходно денеска донесе пресуда во случајот, кој Украина го покрена против Русија.

Русија минатата година заплени три украински бродови во Керчинскиот теснец, кој ги поврзува Црното и Азовското Море и притвори 24 членови на екипажот.

Претседателот на Трибуналот, Џин-Хјун Паик рече дека судиите донеле одлука дека Русија мора веднаш да ги врати трите бродови на Украина, да ги ослободи морнарите и да им дозволи да се вратат во Украина.

Би можело да ве интересира

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on

НАТО: Русија има рок до 2 август да се усогласи со нуклеарниот договор

A1on

Патрушев: Американскиот дрон бил во иранскиот воздушен простор

A1on

„Блумберг“: Кина, Русија и Иран имаат намери да се вмешаат во изборите во 2020 година

A1on

Гардијан: Руски тролови шират дезинформации за обид за убиство на Борис Џонсон

A1on

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до 2020 година

A1on