ВМРО-ДПМНЕ: Заев заедно со неговата банда за само две години ја опустоши земјата

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт. Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

“Ако имаш 500.000 луѓе сиромашни, а секојдневно државата се задолжува, тогаш економскиот напредок на државата е нула.

Заев заедно со неговата банда за само две години ја опустоши земјата. Народните пари служат за исплата на партиските потрчковци преку разни криминални тендери и грантови. Ова не се случува во една држава која блеска.

Македонија ќе заблеска кога Зоран Заев ќе си замине од власт. Само тогаш Македонија ќе се врати на правиот пат и повторно да заблеска.”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство на Охрид

(ВИДЕО) Арсовски: На лидерската средба прва тема треба да бидат предвремени избори

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Во вторник самопрогласениот министер за финансии ќе го направи своето прво задолжување

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговиот расипнички карактер го урна достоинството на државата

Ана Ололовска

СДСМ: Цената на струјата остана иста, со евтина тарифа граѓаните заштедуваат до 11 милиони евра

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно згрижува партиски војници