Јунајтед нуди 45 милиони евра за Дембеле

Со понуда од 45 милиони евра за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, Манчестер Јунајтед ја започна трката за засилување на своите редови во летниот преоден рок.

Според француските медиуми, сега се чека одговорот на францускиот клуб, кој по се изгледа ќе биде позитивен, ако се знае дека Лион за трансферот на Дембеле од Селтик пред речиси една година платиле 20 милиони евра.

Одличниот 22- годишен фудбалер имаше многу добра сезона, односно постигнал 23 голови и шест асистенции во вкупно 51 одигран натпревар, а медиумите веќе пишуваат дека на „Олд трафорд“ ќе го замени Ромелу Лукаку, кого „црвените ѓаволи“ сакаат да го продадат.

Натурализираниот Французин, кој по потекло е од Мали, освен за Лион и Селтик, играл и во лондонскиот Фулхам, каде пристигнал уште на 15 годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Погба сака во Јувентус поради Кристијано Роналдо

A1on

Агентот на Лукаку за Интер: Тешка работа, но не постојат невозможни нешта

A1on

ПСЖ подготвува понуда за Милинковиќ-Савиќ, го вклучува и Паредес во зделката

A1on

Раниери опција за заменик на Бенитез на чело на Њукасл

A1on

Тоти доби понуда од англиски клуб да ја обнови фудбалската кариера

A1on

Дерби Каунти дозволи Челзи да преговара со Лампард

A1on