Интер нема да го купи позајмениот Балден

Интер нема да го купи сенегалскиот напаѓач Кеита Балден, кого оваа сезона го позајми од Монако.

Причината поради која „нероазурите“ одлучија да не ја активираат клаузулата од 30 милиони евра за неговото купување е слабиот резултат што Балден го покажал во изминатата сезона.

Статистиките покажуваат дека 24 годишниот Сенегалец во 29 одиграни натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнал само 4 голови и имал три асистенции, што не било доволно за да го увери раководството на Интер да го задржат во своите редови.

Инаку, италијанскиот клуб за едногодишното позајмување на Кеита од Монако потроши 5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Погба сака во Јувентус поради Кристијано Роналдо

A1on

Агентот на Лукаку за Интер: Тешка работа, но не постојат невозможни нешта

A1on

Де Лихт ќе стане втор најплатен играч во Серија А по Роналдо

A1on

Кулибали не ја отфрла можноста да остане во Наполи

A1on

Манчини сака да ги освои Мундијалот и ЕП со италијанскиот национален тим

A1on

Jувентус го сака Трипиер во своите редови

A1on