Европски избори: Макрон ризикува многу

Претседателот на Франција Емануел Макрон вложува голем влог в недела на 26 мај, први избори речиси на половината од неговиот петгодишен мандат, додека неговата партија, Републиката во движење, ризикува да се најде на втората позиција зад Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен, јавува дописникот на МИА.

Макрон одбива да предвиде пораз на европските избори на 26 мај.

Сепак, среќен крај од изборите, е малку веројатен за Макрон. Речиси сите последни испитувања на јавното мислење, покажуваат дека прво место ќе биде крајно десничарската партија РН, а второ Република во движење.

Два дена пред гласањето, овој епилог останува најверојатен. Неделните избори за Европскиот парламент се претворија во тест за политиката на претседателот.

Ако неговите следбеници победат, Макрон ќе зајакне на домашна сцена. Тоа ќе може да му даде нов поттик за вториот дел од петгодишниот мандат.

Би можело да ве интересира

Попоски по состанокот во ПССЕ: Во интерес на нашата земја е да излеземе од пост-мониторингот на СЕ

A1on

Хачинсон: Сите работиме Северна Македонија да стане полноправна членка во декември

A1on

ЕУ ќе склучи трговски договор со Виетнам

A1on

Мониторинг на ПС на Советот на Европа – Северна Македонија постигна напредок во измината година, останува реформите да се преточат од хартија на дело

A1on

ГРЕКО: Србија нема исполнето ниту една од 17-те препораки на СЕ за борба против корупција

A1on

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до 2020 година

A1on