Во албанскиот Парламент првпат седна и пратеник Египќанец

Со давањето заклетва на вчерашната пленарна седница, Ервис Мечо и официјално стана пратеник во албанскиот законодавен дом, соопштија од партијата на Египќаните во Албанија.

Со тоа тој стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од партијата на Египќаните, Партија за европеизација и интеграција (ПЕИШ).

На последните парламентарни избори, одржани во јуни 2017 година, Мечо, кој е генерален секретар на партијата, беше дел од изборната коалиција предводена од опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша. Врз основа на договорот тој беше на 13-то место на кандидатската листа за округот Валона.

Тој е дел од новоформираната пратеничка група на демократите, чиј координатор е Рудина Хајдари.

Египќаните кои во Албанија се меѓу 150.000-200.000, пратеничкото место на Мечо го оценуваат како историска победа за нив.

Мечо како и Васил Стерјовски, кој исто така е генерален секретар на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), се први народни избраници во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кои доаѓаат од партиите на Македонците и Египќаните, но и воопшто како пратеници кои јавно се декларираат како Македонец, односно Египќанин.

Стерјовски во собраниската сала седна на 6 мај.

Би можело да ве интересира

Шехи: Не ја признаваме одлуката за избори на 30 јуни во Албанија

A1on

Спиропали: Мета сака да се прикаже како жртва

A1on

Кабинетот на Мета: Одлуката на Изборниот колегум е оркестриран скеч

A1on

Изборниот колегиум пресече избори на 30 јуни во Албанија ќе има

A1on

Албанските социјалисти завршниот изборен митинг ќе го одржат во Валона

A1on

„30 јуни“ во рацете на Изборниот колегиум

A1on