Ирски министер за надворешни работи: ЕУ нема да му понуди на новиот британски премиер подобар договор

Европската унија нема да му понуди на оној кој ќе ја преземе функцијата британски премиер подобар договор за брегзит, изјави денеска ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени.

-Од моја перспектива, не гледам дека Европската унија ќе му понуди на еден нов премиер подобар или многу поинаков договор од она што и беше понудено на Тереза Меј, изјави Ковени за ирски медиуми.

-Идеја дека новиот премиер ќе биде потежок преговарач и ќе добие многу подобар договор за Британија? Така не функционира ЕУ, нагласи тој.