Прва глобална стратегија на СЗО за заштита од гризнување од змија

Светската здравствена организација (СЗО) ја објави својата прва глобална стратегија за решавање на проблемот со гризнувања од змија, со цел до 2030 година да се преполови бројот починати и онеспособени луѓе.

Секоја година речиси три милиони лица се гризнати од потенцијално отровни змии, што резултира со дури 138.000 смртни случаи.

Минатата седмица, британската добротворна истражувачка организација „Велкам траст“ објави програма вредна 100 милиони долари за справување со овој проблем, наведувајќи дека постојат нови потенцијални лекови што може да се тестираат.

Организацијата „Доктори без граници“ ја прифаќа новата стратегија со „воздржан оптимизам“, но смета дека таа може да биде пресвртница во решавањето на овој проблем, што СЗО го нарекува „притаена епидемија”.

Стратегијата на СЗО вклучува интензивирање на пристапот во лекување на светско ниво и развој на противотрови.

Би можело да ве интересира

СЗО: Милион луѓе дневно се заразуваат со сексуално преносливи болести

A1on

СЗО: Трансродноста отстранета од листата на ментални болести

A1on

СЗО започна истрага за злоупотреба на околу 200 милиони долари од свои вработени

A1on

СЗО: Еболата во Конго ќе продолжи да се шири, ќе се воведе нова вакцина

A1on

Во Малави почна имунизација на децата против маларија

A1on

СЗО: Во судирите во Либија, за две седмици загинаа 213 лица

A1on