Полицијата се сомнева дека група поврзана со ИД планирала насилство во Џакарта

Штабот на индонезиската национална полиција се сомнева дека група поврзана со терористичката Исламска држава ги искористила мирните демонстрации на 21 и 22 мај пред Изборната комисија во Џакарта.

– Полицијата дојде до информации по апсењето на двајца осомничени надвор од Џакарта. Тие се дел од движењето Исламско реформско движење (Гарис), група која своевремено објави поддршка на ИД, изјави денеска полицискиот генерален инспектор, Мохамад Икбал.

Врз основа на информациите од двајца осомничени, тие имале намера да извршат џихадистички акции на демонстрациите на 21 и 22 мај, изјави Икбал.

-Пронајдовме цврсти докази, рече тој.

Судејќи според Икбал, еден од осомничените е Абу Бакар Баасјир, осуден терорист, кој во моментов е во затвор Гунунг Синдур. Групата дури испраќала свои членови да се борат во Сирија.

Поразениот претседателски кандидат Прабово Субианто изјави дека масовните протести против изборните резултати не биле под негова контрола.

Полицијата претходно објави дека милитантите планирале бомбашки напади за време на протестите против резултатите од претседателските избори, воведувајќи црвено светло за предупредување од терористички напади, што е во сила во главниот град од 21 до 25 мај.

Би можело да ве интересира

Уапсен Косовец за финансирање на Исламска држава

A1on

Ирак и предаде на Турција 188 деца членови на ИД

A1on

За 15 години џихадистите извршиле 112 напади на Западот

A1on

Германија: Осуммина Балканци уапсени поради Исламската држава

A1on

Лидерот на Исламска држава се појави во видео за прв пат по пет години

A1on

Обвинувања до британската влада за смртта на бебето на Шамима Бегум

Sandra Boshkovska