ВМРО-ДПМЕ: Охрид ризикува да биде избришан од УНЕСКО поради бизнис и политички интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ

Владата на СДСМ нема слух за културното наследство на Република Македонија. Зоран Заев заедно со неговиот владин тим покажа целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид. Охрид, ризикува да биде избришан од УНЕСКО поради бизнис и политички интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ. Во Охрид се гради кај што ќе се стигне без план и без легална постапка, а тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, не само жителите на град Охрид, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски.

“Изминатите неколку месеци Зоран Заев манипулираше со граѓаните на Охрид за изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината Џамија која е споменик на културата. Оваа изградба се врши спротивно на прописите и го загрозува овој објект кој е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако се алармира.

Во стара охридска чаршија до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само заради партиските интереси. Опасноста од бришење на Охрид од листата на УНЕСКО ќе биде само поради вината на Заев, негрижа на надлежните институции, и непреземање на соодветни мерки кои што се препорачани од страна на УНЕСКО.”, e наведено во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со своето насилие во секој сектор на делување, како и со недемократски принципи на владеење

A1on

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

(ВИДЕО) Попов: Како тргнало Шилегов ќе го прогласат и за градоначалник кој најмногу украл

A1on

(ВИДЕО) Лашкоска: Власта е целосно неспособна и е класичен криминален картел

A1on

(ВИДЕО) Арсовски: Власта ги става партиските и бизнис интересите пред интересите на Охрид

A1on