ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги лажеше граѓаните дека ќе го намали данокот за парното

Владата на Заев е синоним на неисполнети ветувања и лажење на народот. Владата на СДСМ вети поевтино парно и не се исполни. Со пуштање во собраниска процедура законот за измена на ДДВ не се предвидува намалување на ДДВ за парното.

Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе го намали данокот за парното. Дваесетина дена откако излажа, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот и тие истрчаа да го направат тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста.

СДСМ по којзнае кој пат докажа дека не го интересира животот на граѓаните, освен лични кариери на поединците од власта.