СДСМ: Мицкоски продолжува да биде промотор на мерките на СДСМ, граѓаните ќе добиваат пониски сметки за парно

Христијан Мицкоски, човекот кој 11 години водеше погубна енергетска политика на штета на граѓаните, деновиве се поклони пред политиките и мерките на СДСМ и почна да станува нивен промотор, реагира СДСМ на прес конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

“СДСМ ја промовираше мерката за намалување на ДДВ за парно до 18 на 5 отсто, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ втор ден порачуваат дека ќе се заложеле да се намалат трошоците за затоплување.

Крајно лицемерно е Мицкоски да зборува за грижа за граѓаните кога граѓаните многу добро паметат дека додека Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, беше укината евтината тарифа на струјата, електричната енергија поскапе за 100 отсто, а граѓаните
мораа да плаќаат за парно дури и без да го користат.

Со намалување на ДДВ-то  за испорака на топлинска енергија од 18 на 5 проценти, од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење.

Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централно парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, однсоно годишна заштеда од над 2.600 денари. Парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ остануват посветени на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство.

Мицкоски може да гледа, да учи и слободно да ги промовира мерките што се во интерес на граѓаните.”, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со своето насилие во секој сектор на делување, како и со недемократски принципи на владеење

A1on

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

(ВИДЕО) Попов: Како тргнало Шилегов ќе го прогласат и за градоначалник кој најмногу украл

A1on

(ВИДЕО) Лашкоска: Власта е целосно неспособна и е класичен криминален картел

A1on

(ВИДЕО) Арсовски: Власта ги става партиските и бизнис интересите пред интересите на Охрид

A1on