Јовески: Нема законски и други пречки Интерпол да објави потерница по Груевски

Верувам дека нема законски или било какви други пречки потерницата за поранешниот премиер Никола Груевски да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави денеска јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

– Во скоро време ќе се реши таа состојба. За тоа е задолжена обвинителката Вилма Русковска, како напредува во тој дел мене не ми е познато, но верувам дека нема законски или било какви пречки потерницата да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави Јовески, одговарајќи на новинарско прашање до каде е постапката за потерницата по Груевски.

Во однос на тоа дали до крајот на мај ќе има обвинение или не, Јовески, рече дека не може во оваа фаза да се говори за тоа и дека не сака ништо да прејудицира.

– Во овој момент може да се говори дека истражната постапка е при крај и откако ќе заврши истражната постапка ќе се знае каква одлука ќе донесе Јавното обвинителство. Дали ќе поднесе обвинение или ќе донесе друг вид на јавно обвинителска одлука. Не сакам да се прејудицираат работите во овој момент, едноставно може да се каже дека таа постапка се приведува при крај и врз основа на резултатите од постапката јавниот обвинител ќе донесе соодветна одлука која ќе ја заснова на резултатите од пред истражната постапка, изјави Јовески по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители, ЈОРМ и ОБСЕ/ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Советникот Усеини се гони за физички и вербални напади, но не и за дивоградбите

Кристијан Ландов

Во Карпош пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж

A1on

Поднесено обвинение за сторена тешка кражба

A1on

Поранешен градоначалник на Велес обвинет за злоупотреба на службената положба

A1on

ВИДЕО: Ќе се бара екстрадиција за Груевски како организатор на 27 април

A1on

Груевски: Заев е ептен хај, не ми паѓа напамет да влегувам во багажник

A1on