ВИДЕО: Павле Богоевски најави оставка по гласањето за мандатот за Никола Груевски

Пратеникот Павле Богоевски кажа дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција поради аферата со снимениот материјал.

Богоевски ја најави оставката на мандатно – имунитетната комисија, со која претседава, а на која денеска на дневен ред е одземањето на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој во емотивен говор на седницата со која претседава, порача дека одлуката за оставка ја донел веднаш по скандалот, во моментот кога самиот се пријавил во полицијата, но чекал Собранието да ги изгласа безбедносните реформи, а тој да биде присутен, а втората причина е седницата за одземањето на мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски.

Оставката која ја најави Богоевски ќа важи откако ќе биде изгласан на пленарна седница, предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски.

Ги повика своите колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ етички да гласаат за одземање на мандатот на Груевски.

„Чекав цела јавност да види колку далеку ќе отидете во вашата дрскост и да видат дека станува збор за хајка и за мерки и активности насочени кон заштита на вашиот премиер во бегство Никола Груевски. Повеќе не е прашањето дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води комисијата која ќе му го одземе мандатот на Никола Груевски, ниту пак дали Павле Богоевски треба да продолжи да биде пратеник. Сега е прашањето дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат барем трошка од етиката и моралот со кој дрско се расфрлаа овие две недели и дали ќе го заштитат криминалецот во бегство Никола Груевски или ќе му го одземат мандатот, бидејќи да не се лажеме, ако во Собранието нема место за човек кој прекршил закон за да купи масло од канабис за свое блиско болно лице сигурно нема место за пратеник кој парите на граѓаните да плати хотел додека е во бегство од македонската правда“, рече Богоевски.

По завршувањето на обраќањето тој ја прекина седницата и кажа дека во продолжение ќе претседава неговата заменичка.

Говорот беше проследен со аплауз од пратениците.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Богоевски: Вредностите над функцијата

Ана Ололовска

Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата

Ана Ололовска

Богоевски: Вредностите се над функцијата

Татјана Ташкова

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Павле Богоевски е лажно продавање на морал

Заев: Одлуката на Богоевски е храбра и во функција на понесување одговорност за етички работи

Ана Ололовска