Баша отфрла дијалог: Заминувањето на Рама услов за кој нема преговори

На јавно упатената покана на премиерот Еди Рама за безусловен дијалог, лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша му возврати дека неговото заминување е услов за кој нема преговори а што го отвора патот за решавање на политичката криза.

Баша рече дека опозицијата што тој ја предводи нема „да прифати театар на сметка на Албанците“.

– Еди Рама слушни дека не прифаќаме театар на сметка на Албанците,тоа би знаело дека сме против нашите политички интереси. Денес народот е обединет, за да се стави крај на театарот кој земјата ја чини многу. Албанија никогаш повеќе не треба да падне во рацете на само еден човек, а владата не треба да биде заложник на криминалците. Твоето заминување е првиот чекор за кој не може да се преговара, а што ќе го отвори патот за политичко решавање на кризата,порача Баша.

Баша изрази уверување дека нема да има локални избори на 30-ти јуни.

Премиерот Рама вчера вчера го направи првиот чекор за решавање на политичката криза, во која подолг период се наоѓа земјата, со јавно упатено писмо до Баша.

Во писмото Рама наведува дека нема разбирање за патот што Баша го избрал, ниту јазикот на омраза, откажувањето од пратеничките мандати или насилството поттикнато од него, за кое вели, дека го осудил целиот свет „со име и презиме, од партнерите и незаменливи пријатели на Албанија“.

Поради тоа,посочува дека чувствува обврска јавно да му се обрати на својот политички опонент да седнат на дијалог без условувања за да не губат повеќе време.

Би можело да ве интересира

Рама: Опозицијата си поигрува со судбината на земјата

A1on

Рама поднесе тужба против новинарот на германски „Билд“

A1on

Рама му возврати на Мета: Нема шанси да се одложат изборите

A1on

Мета: Одлуката на Изборниот колегиум невалидна, останувам претседател до 2022

A1on

Шехи: Не ја признаваме одлуката за избори на 30 јуни во Албанија

A1on

Спиропали: Мета сака да се прикаже како жртва

A1on