Учество на пратеникот Китев на Постојаниот комитет во Париз

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Бетиан Китев ќе учествува на состанокот на Постојаниот комитет на 24 мај 2019 година во Париз. Во мај, според принципот на ротација, започнува француското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа кое ќе трае до ноември 2019 година.

Постојаниот комитет делува во име на Парламентарното собрание меѓу одржувањето на редовните пленарни седници, а го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на политичките групи, претседателите на националните делегации и претседавачите на комисиите, односно околу 60 пратеници од 47 земји-членки Советот на Европа.

Состанокот ќе го отвори претседателот на ПС на СЕ, Лилијан Мари Паскиер а поздравно обраќање ќе има првиот заменик-претседател на Националното собрание на Франција, Карол Биро-Бонар, по што пратениците ќе разменат мислења со министерот за европски прашања Амели де Монталин, од министерството за надворешни работи и Европа на Француската Република.

На Постојаниот комитет ќе се разгледуваат извештаите на Мисиите за набљудување на претседателските избори во Северна Македонија и Украина.

Според дневниот ред на состанокот, пратениците ќе дебатираат за евалуацијата на партнерството за демократија во однос на Парламентот на Мароко, загадувањето на воздухот и јавното здравје, одржливиот урбан развој и социјалното вклучување, здравствените потреби на адолесцентите во Европа, образованието и културата: нови партнерства за препознавање на личниот развој и способностите.

Би можело да ве интересира

Лашкоска: Тоа што Владата го презентирала пред комитетот на УНЕСКО не соодветствува со тоа што го нуди како предлог-закон

Ана Ололовска

Законот за управување на природното и културното наследство во Охрид пред пратениците

Ана Ололовска

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Ана Ололовска

Собранието ја констатираше оставката на Мемеди

Ана Ололовска

Александра Цветковска го презема испразнетото пратеничко место на Горан Милевски

Ана Ололовска

Одложена комисиската расправа за заштита на Охрид

Ана Василевска