Пратеничката Лилјана Затуроска на Проект на ЕУ за поддршка на медиумите во Сараево

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, на 28 мај 2019 година, во Сараево, ќе учествува на Регионален проект финансиран од ЕУ за поддршка на медиумите за јавни услуги во Западен Балкан.

Најавено е состанокот да биде фокусиран на прашањето за финансирањето на медиумите од јавните служби. Состанокот е продолжение на активноста која што започна со серија од пет национални тркалезни маси, организирани во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Тирана.

Овој еднодневен регионален состанок ќе ги собере петте засегнати страни од секоја земја, вклучително и највисокиот менаџмент на националните медиуми и нивните владини тела, претставници на Влади/Парламенти, национални радиодифузни регулатори и претставници на релевантни невладини организации. Покрај тоа, на состанокот ќе присуствуваат и релевантни претставници од општеството на земјата домаќин.

На конференцијата во Сараево делегатите ќе бидат поканети да ги искажат своите ставови за одржливоста на различните пристапи во националниот контекст на кој го опишуваат моделот за кој сметаат дека најдобро ќе функционира на национално ниво. Презентациите се очекува да бидат проследени со три панел-дискусии, од кои секоја ќе се состои од тројца експерти, при што ќе бидат разгледани различни аспекти на различни модели на финансирање. Овој процес се очекува да доведе до договор на регионално ниво за принципите што треба да се применат во секоја од земјите партнери во регионот

Би можело да ве интересира

Лашкоска: Тоа што Владата го презентирала пред комитетот на УНЕСКО не соодветствува со тоа што го нуди како предлог-закон

Ана Ололовска

Законот за управување на природното и културното наследство во Охрид пред пратениците

Ана Ололовска

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Ана Ололовска

Собранието ја констатираше оставката на Мемеди

Ана Ололовска

Александра Цветковска го презема испразнетото пратеничко место на Горан Милевски

Ана Ололовска

Одложена комисиската расправа за заштита на Охрид

Ана Василевска