Зголемен бројот на патници во градскиот, намален во меѓуградскиот, меѓународниот и приградскиот превоз

Намален бројот превезени патници во патниот патнички превоз за 1,3 проценти во првото тримесечје од 2019 година во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 1,7 отсто, во меѓуградскиот превоз за 26,8 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 25,7 отсто.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е намален за 7,8 отсто. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,1 отсто, во приградскиот превоз за 4,9 отсто, во меѓуградскиот превоз за 27,4 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,3 отсто.

Во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 11,4 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2,5 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 2,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 24 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 16,6 отсто.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број патнички километри е намален за 14,9 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 6,2 отсто, во приградскиот превоз за 2,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 26,4 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21 отсто.

Би можело да ве интересира

Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели

Ана Ололовска

ВИДЕО: Официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Ана Ололовска

Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција

Ана Ололовска

Безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај пред Комисијата за транспорт

Ана Ололовска

„Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд

Ана Ололовска

Започна изградбата на пругата Приштина – Генерал Јанковиќ, Харадинај бара линија за Драч