Виртуелен Путин – водител на забавна емисија на Би-Би-Си

Компјутерски генериран тридимензионален лик на Владимир Путин ќе биде водител на комична интерактивна емисија на Би-Би-Си, заедно со британскиот политички коментатор Алистер Кембел.

Две кратки пилот-епизоди на шоуто „Вечер со Владимир Путин” ќе бидат емитувани на каналот Би-Би-Си 2 следниот месец и во секоја ќе има по двајца гости.

3-Д анимацијата ќе може да се движи на сцената и да седи зад бирото, поставувајќи им прашања на гостите пред публика во студио и сето тоа во живо.

– Заборавете ја светската политика, двете пилот-епизоди наскоро ќе овозможат разговор и конечна победа на Влад, лидерот на слободниот свет, се вели во најавата.

Во еден од скечевите, виртуелниот Путин се обидува да се справи и со „сложените прашања“ околу феминизмот.

Велика Британија и Русија се во затегнати односи по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во англискиот град Солзбери минатата година.

Би можело да ве интересира

Дарт Вејдер се кандидираше за пратеник во Украина

A1on

Старица од Манчестер посака да биде уапсена барем еднаш пред да умре

A1on

ВИДЕО: Супер-рефлексите на мајка спречија трагедија

A1on

Баба станала порно ѕвезда за да се прехрани, но вели дека и – ужива

A1on

Истражување: Музичарите попосакувани од лекарите

A1on

Од мит до вистина: Дали „крокодилските солзи” навистина постојат?

A1on