Трамп ги обвини демократите дека ги „растураат“ САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини демократите во Конгресот дека ги „растураат“ САД со спроведувањето истраги кои произлегуваат од процесот за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.

– Не можете истовремено да спроведувате истраги и да учествувате во носењето закони, им се обрати Трамп преку Твитер на пратениците од Демократската партија во Конгресот.

Трамп се огласи откако нагло ја прекина средбата со демократските пратеници, за време на кој разговараа за инфраструктурата, откако претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го обвини за прикривање. Обвинувањето на Пелоси дека Трамп учествува во „случајот на прикривање“ доаѓа во момент кога се поголем број демократи во Конгресот бараат почнување постапка за отповикување на претседателот. ссм/

Би можело да ве интересира

Илиноис ја легализираше марихуаната

A1on

Портпаролката на Меланија Трамп ќе биде нов портпарол на Белата куќа

A1on

Трамп: Напад на што и да е американско, ќе значи уништување на Иран

A1on

Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

A1on

Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје

A1on

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on