(ВИДЕО) ГДУ: Ние не очекуваме од таканареченото „свето тројство“, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да преземат нешто квалитетно

ГДУ на прес-конференцијата побара од Пендаровски тој да биде покровител на иницијативата што ја нерекле „Може поинаку, може и подобро“, а чијашто цел е создавање решенија кои ќе послужат за сериозни реформи во политичкиот систем.

„Утре во земјите членки на ЕУ почнуваат изборите за Европарламентот, според модел многу близок до оној кој веќе една година Граѓанско-демократската унија го препорачува. Во таа една година укажуваме дека е неодржливо и беспредметно да се говори за демократски политички систем во служба на заедницата или во служба на граѓаните, ако тој систем перманентно ги маргинализира граѓаните.

За илустрација, Советот на Град Њујорк има 50 советници, додека советот на Град Скопје има 45. Според некоја прогресија, доколку ние, Македонците, го водиме градскиот Совет на Њујорк, би требало да имаме околу 5100 членови на Советот. Мислам дека вака е подобра компарацијата.

Ние не очекуваме од таканареченото „свето тројство“, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дузината таканаречени партии, кои како јо-јо скокаат од еден политички блок во друг веќе со години, и без никој притоа да ја знае ниту нивната политичка програма, која веројатно и ја немаат, да преземат нешто квалитетно, во насока да го подобрат секојдневието во земјава.

Веројатно се премногу зафатени со таканаречените реформи во правосудството, со калкуланството, контролата на штетата по партиските врхушки и нивните деловни соработници. Затоа, додека премиерот на Владата на Републикава се занимава со УНЕСКО, со дивоградби, отвора дискусии и сл. ние пред некој ден, како политичка партија, како Граѓанско-демократска унија, писмено побаравме од претседателот на Републиката да биде покровител на иницијативата која ја нарековме „Може поинаку, може и подобро“, иницијатива која нема како досега да произведува „козметички“ решенија, туку навистина предлози кои како подготвителен период ќе послужат за сериозни реформи во политичкиот систем.

Тие реформи треба да ги опфатат: изборниот законик, изборните модели, намалување на бројот на пратениците и советниците во локалните совети, Законот за Влада, инспекциските служби и државните агенции. Со политички систем, со седници и сеанси на 4-5 луѓе, кои како досега го прават одлично постоењето на Законодавниот дом и јавните дебати, директно влијаат сè помалку граѓани да се идентификуваат со одлуките што се носат во нивно име“, порачаа од ГДУ.

Граѓанско-демократската унија на прес-конференција упати честитка за претстојниот празник на словенските просветители светите Кирил и Методиј, а на официјалните лица во Ватикан им препорачаа да внимаваат затоа што им доаѓа Крсто Мукоски.

Би можело да ве интересира

ГДУ: Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција

A1on

ГДУ: Премиере, почнете да барате оставки од оние кои не му служат на народот

A1on

ГДУ: Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени

A1on

ГДУ: Дали Заев ќе се ослободи од неспособните или Ахмети ќе ги заштити „белите мечки“

A1on

ГДУ: Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој доби нова функција во Советот за национална безбедност

A1on

ГДУ: На граѓаните им е преку глава од истите ликови кои со години ги лажат дека ќе биде подобро

A1on