Рама упати јавна покана до Баша за дијалог без условувања

По низата меѓусебни препукувања и тешки обвинувања,закани дека нема отстапки од нивните ставови и условувања, попладнево албанскиот премиерот Еди Рама го направи првиот чекор за решавање на политичката криза, во која подолг период се наоѓа земјата,со јавно упатено писмо до опозицискиот лидер Љуљзим Баша.

Во писмото Рама наведува дека нема разбирање за патот што Баша го избрал, ниту јазикот на омраза, откажувањето од пратеничките мандати или насилството поттикнато од него, за кое вели, дека го осудил целиот свет „со име и презиме, од партнерите и незаменливи пријатели на Албанија“.

Поради тоа,посочува дека чувствува обврска јавно да му се обрати на својот политички опонент да седнат на дијалог без да губат повеќе време.

-Изборите на 30 јуни Вие може да ги влошите, доколку одите до крај на патот без враќање, каде што ја водите вашата политичка група, но не постои ни најмала можност да го блокирате изборниот процес. Дијалогот треба да почне без да се губи време, без оглед на она што Вие го кажувате и мислите да го направите на 30 јуни и независно од фактот што јас немам никаква правна моќ да преговарам за 30 јуни, иако можете слободно да разговарате на тркалезната маса за дијалог, пишува премиерот Рама.

Тој го повикува лидерот на ПД, Баша на дијалог без условувања и на крајот откако му посакува добро здравје за него и за неговото семејство, Рама е потпишан едноставно како Еди Рама, а не премиер.

Иако Рама наведува дека нема правна моќ за одложување на локалните избори закажани за 30 јуни,дел од медиумите неговото посмо го оценуваат како „попуштање пред налетот на опозицијата и откажување од 30 јуни“.

Би можело да ве интересира

Рама: Опозицијата си поигрува со судбината на земјата

A1on

Рама поднесе тужба против новинарот на германски „Билд“

A1on

Харадинај: Имаме докази дека хуманитарна криза во северно Косово е исценирана

A1on

Косовската Влада го повлече нацрт-законот за финансирање на партиите

A1on

Рама му возврати на Мета: Нема шанси да се одложат изборите

A1on

Мета: Одлуката на Изборниот колегиум невалидна, останувам претседател до 2022

A1on