Најстариот градоначалник на Германија се пензионира по 56 години на функција

Најдолговечниот градоначалник, Јозеф Ридел од германскиот град Виндхаген во западната сојузна покраина Пфалц на Рајна по 56-годишната градоначалничка кариера и навршени 94 години, деновиве оди в пензија.

– Се кандидирав на 14 избори. Сите ги добив. Секогаш имав противкандидати, а колку беа вкупно – не се сеќавам, рече политичарот, инаку член на Демохристијанската унија.

Грачето Виндхаген, кое има 4.200 жители, тој го води од 1963 година. Должноста градоначалник ја извршувал доброволно, без парична надомест, а дневната соба му била канцеларија.

Натаму, тој раскажува како му испорачувал компири на Конрад Аденауер, прославениот германски канцелар по Втората светска војна, кој живеел во блискиот Рендорф. Тогаш се родила идејата за модернизација на автопатот А-3, од чија изградба Виндхаген добил многу, и инфраструктурно, и економски.

Ридел нема да се кандидира на општинските избори кои ќе бидат објавени следната недела. Наместо тоа, како што вели, времето ќе им го посвети на своите внуци и правнуци.

Би можело да ве интересира

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

ВИДЕО: Се судрија два воени авиони над Германија, се трага по еден од пилотите

A1on

Расте бројот на членови на екстремната десница во Германија

A1on

Жителите на Остриц масовно купуваа пиво во знак на протест поради одржувањето на неонацистички фестивал

A1on

Меркел повика на борба против неонацистите „без какви било табуа“

A1on

Меркел и Меј апелираат на воздржаност на САД и Иран

A1on