(ВИДЕО) Kузмановска: Со новата социјална реформа, околу 140.000 деца ќе користат детски и образовен додаток

„Новата социјална реформа, што веќе ја усвои Собранието, суштински ја преобразува социјалната и детската заштита, создаваме вистински систем за извлекување од сиромаштија.

Со социјалната реформа, за 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток.

Детскиот додаток кој го користеа 3.200 деца сега, со оваа реформа ќе го користат 73.500 деца. Пристап до образовниот додаток наместо 3.800 дечиња, отсега ќе имаат 64.136 деца“, рече Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

„Тоа значи помош за околу 140 илјади деца. Им помагаме на семејства на кои помошта им е неопходна. Градиме фер и праведно општество за сите.

Овие мерки се влог за мирно и спокојно детство на идните генерации.

Создаваме услови, на секое дете му се даде еднаква шанса да може да го постигне својот вистински потенцијал во текот на животот.

Со усвојувањето на пакeтот закони, правиме целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита, воведуваме социјална правда што е основа за градење на фер и праведно општество кое нуди еднакви можности за сите.

Како парламентарно мнозинство остануваме целосно посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисок животен стандард и еднакви услови за сите граѓани“, изјави Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

СДСМ: Државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

A1on

СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

A1on

СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард

A1on