Skopje Light Art District 2019 од 29. мај до 1. јуни во Скопската чаршија, на кејот на Вардар и во Градскиот Парк

Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјата и странство од 29-ти мај до 1-ви јуни, од 20:00 до 24:00 часот, на 18 локации ќе ги изложуваат своите дела, изведуваат своите претстави и перформанси и ќе им понудат на Скопје и скопјани едно ново, магично и необично доживување.

Фестивалот, кој минатата година се одржа од 6-ти до 9-ти октомври, е замислен како надворешен фестивал со патека и стартна точка лоцирана во Старата скопска чаршија, која ќе води преку Кејот на Вардар сѐ до Градскиот Парк, каде ќе биде и финалната точка.

Со инсталации и настапи во многу бои и светлина, Skopje Light Art District и реномираните светлосни уметници кои ќе бидат дел од него, на присутните ќе им ги претстават фантастичните и митски суштетства и чудовишта кои магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д проекциите и уште многу други светлосни атракции.

Фестивалот ќе биде збогатен и со посебен lounge дел за одмор, забава и дружење на посетителите, а ќе имаат можност да присуствуваат и на првиот 3Д мапинг натпревар, на кој уметници од земјата и од странство ќе се натпреваруваат за фестивалското гран при, наградата „Златко Славенски“.

Отворањето на фестивалот е закажано за 20:00 часот на 29-ти мај, во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија, а посетителите ќе можат преку мобилна апликација и мапата на веб-сајтот на фестивалот, да се вклучат и самите да ги откриваат поставките преку предодредена патека, која ќе ги одведе до самиот финиш, во Градскиот Парк во Скопје.

Skopje Light Art District 2019 светлосниот фестивал е културно-уметнички настан во организација на ЈУ Универзална Сала, со поддршка на Град Скопје и ROCK проектот, како дел од Хоризонт 2020 програмата за истражување и иновации на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Заврши второто издание на фестивалот на светлината Skopje Light Art District

A1on

Скопската чаршија блеска од делата на Фестивалот на светлината

A1on

ВИДЕО: Започнува фестивалот на светлината, Skopje Light Art District 2019

A1on

Втор Фестивал на светлината во Скопје

A1on

Утре започнува второто издание на фестивалот на светлината, Skopje Light Art District

A1on

Јавен повик за учество на Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

A1on