Мали инциденти на протест во Атина за поддршка на Куфодинас

Мали инциденти меѓу демонстрантите и полицијата се случија во центарот на Атина за време на синоќешниот протест за поддршка на лидерот на терористичката организација „17 Ноември“ Димитрис Куфодинас, кој поради неодобреното барање за дозвола за излез од затвор, од 2 мај штрајкува со глад.

Инцидентите се случија кога полицијата со солзавец ги спречи демонстрантите, членови и поддржувачи на анархистички групи и здруженија, да го пробијат полицискиот кордон и да испишат слогани на ѕидови и предизборни штандови.

И покрај присуството на полицијата, демонстрантите нанесоа мала штета и испишаа слогани на предизборниот штанд на кандидатот за градоначалник на Атина на опозициската Нова демократија, Костас Бакојанис, чиј татко беше една од жртвите на Куфодинас и на терористичката организација „17 Ноември“, јави дописничката на МИА од Атина.

По инцидентот, Бакојанис во изјава за државната телевизија ЕРТ им порача на сторителите, да се молат да не биде избран за градоначалник.

– Не е поврзано со тоа дали мене лично ме разбеснува дрскоста некој да го напише името на убиецот на татко ми на нашиот штанд. Овде имаме симптоми на поширока патогеност. Тие се истите луѓе кои го вандализираа Парламентот, вели Бакојанис.

Би можело да ве интересира

Грција: Голем недостиг на екипи на Брза помош во туристичките места

A1on

Нема да се одржи предизборната ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии

A1on

Анкета: Нова демократија со предност од девет отсто пред СИРИЗА

A1on

Ципрас: Северна Македонија ги исполнува критериумите за почеток на пристапни преговори со ЕУ

A1on

Делумно ставен под контрола пожарот во близина на Атина

A1on

Пожар во близина на Атина

A1on