„Приказни од Будимпешта”, изложба на уметнички фотографии во Кавадарци

„Приказни од Будимпешта” е насловена изложбата на уметнички фотографии, која синоќа беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Претставени се двајца унгарски фотографски уметници, Имре Кински и Ото Кајзер. Првиот творел најактивно во триесетите години од минатиот век во Будимпешта, прерано починал како жртва на холокаустот во 1945 година. Вториот, е наш современик.

Присутните ги поздрави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, изразувајќи задоволство од соработката на општината со унгарската амбасада.

Директорот на Домот на културата, Александар Малинков се осврна на тоа дека станува збор за изложба на црно-бели фотографии.

– Ова е дел од еден поширок проект кој опфаќа области од културата и уметноста. Се должи на претходните добри искуства и долгогодишна соработка, рече Малинков.

Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Дукс изрази големо задоволство што е во Кавадарци.

– Повеќе причини има за оваа низа на настани. Дваесет и пет години од воспоставувањето на дипломатски односи, дваесет години од нашата амбасада во Скопје, дваесет години сме членка на НАТО и петнаесет години на Европската Унија. Односите помеѓу амбасадата и општината се многу добри и имавме низа заеднички културни настани, рече амбасадорот, изразувајќи благодарност до градоначалникот, директорот, Дирекцијата за уметност на град Скопје, која помагаше во организацијата на настанот.

Кавадаречкиот професор по музика, Стево Волчев се претстави со унгарски танци на хармоника.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“ во Штип

A1on

Отворена ретроспективна изложба на Глигор Стефанов во МСУ

A1on

„Дали и ти си мигрант?” – изложба на Дарко Талески во КИЦ во Софија

A1on

Фотографии од македонски традиционални носии на изложба во Неготино

A1on

Ретроспективна изложба на Глигор Стефанов во МСУ

A1on

Отворање на изложбата на плакати од европскиот конкурс „Инклузија, не ексклизија“

A1on