Маас: Терористичките групи може да провоцираат војна меѓу САД и Иран

Терористичките групи може да ги зголемат тензиите меѓу САД и Иран како можност за провоцирање војна меѓу двете страни, предупреди германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, на панел-дискусија во Хамбург.

Тој ја опиша ситуацијата на Блискиот Исток како „исклучително опасна“ и ги повика двете страни да се смират.

– Тоа е регион во кој терористичките групи се активни. Терористите можат да нападнат за да ескалира напнатоста и да предизвикаат војна. И нема да бидат само САД и Иран кои ќе учествуваат во таа војна, туку целиот регион ќе потоне во пламен, предупреди Маас.

Тој ги потврди обидите на Германија да најде дипломатско решение за решавање на ова несогласување со Иран во врска со нуклеарната програма на земјата и нејзиното влијание во регионот.

Би можело да ве интересира

Илиноис ја легализираше марихуаната

A1on

Портпаролката на Меланија Трамп ќе биде нов портпарол на Белата куќа

A1on

Трамп: Напад на што и да е американско, ќе значи уништување на Иран

A1on

Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

A1on

Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје

A1on

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on