Пронајдени три тестамента на Арета Френклин

Три рачно напишани записи се пронајдени во домот на соул-дивата Арета Френклин, неколку месеци по нејзината смрт лани во август.

– Кога почина, нејзиното семејствто соопшти дека Арета не оставила никаков тестамент. Меѓутоа, овој месец беа најдени дури три – два се од 2010 година и биле заклучени во орманче, а еден од 2014, скриен под перница во дневната соба, изјави адвокатот Дејвид Бенет.

Тој нагласи дека делови од напишаното е тешко да се дешифрира, а некои зборови се пречкртани, па допишани по маргините.

Бенет, кој над 40 години бил адвокат на Арета Френклин, заввчера ги предаде записите на судот и притоа изјави дека не е сигурен дали се во согласност со законите на американската сојузна држава Мичиген.

Судското рочиште е закажано за 12 јуни, а двајца од нејзините четири сина веќе ги оспоруваат тестаментите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Роналдо воодушеви со своето совршено тело на одморот во Грција

A1on

Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

A1on

Рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс

A1on

На Дејв Мастејн од „Мегадет“ му е дијагностициран рак на грлото

A1on

ВИДЕО: Кијану Ривс во „Сајберпанк 2077“

A1on

Светскиот џет сет на свадбата на Рамос

A1on