Исклучени од сообраќај 24 возачи без возачка дозвола

Шест лица се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Како што информираа од СВР Скопје исклучени се од сообраќај 24 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, а 17 возила бидејќи не биле регистрирани.

За непрописно паркирани возила издадени се 83 казни, додека пајакот подигнал 64.

Седумнаесет возачи се казнети за користење мобилен телефон за време на управување со моторното возило.