Путин разговарал со Меркел и Макрон за Украина, Сирија и Иран

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за кризата во Украина, Иран, Сирија, парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), и за Советот за безбедност на ОН.

Путин рекол дека бил збунет со одбивањето на одредени земји на седница на СБ на ОН да се дискутира за украинскиот закон за јазик, договорот од Минск и меѓународната обврска на Киев да ги заштитува јазиците на националните малцинства.

Тој им обрнал внимание дека законот кој неодамна го усвои украинска Влада со кој само украинскиот е службен јазик во земјата е дискриминаторски.

Путин, Меркел и Макрон разговарале и за решавање на ситуацијата со руската делегација која нема право на глас во ПССЕ, при што Путин изразил надеж дека, со оглед на тоа што Франција го презеде претседавањето со таа организација, правата на руската делегација ќе бидат обновени.

Тројцата државници разговарале и за ситуацијата во Сирија, пред се за кршењето на примирјето во Идлиб, а Путин ги информира за заедничките напори на Русија и Турција да ја стабилизираат ситуацијата во северозападниот дел на земјата, да ги заштитат цивилите и да ја неутрализираат заканата од терористите.

Путин, Меркел и Макрон разговарале и за Иран и се сложиле дека треба да останат посветени на трговско-економската соработка со земјата.

Тие се сложиле и дека треба да се зачува нуклеарниот договор оценувајќи дека тој е клучен фактор за зачувување на меѓународната стабилност и безбедност.

Би можело да ве интересира

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on

Потомците на последниот германски цар нема да го добијат замокот

A1on

НАТО: Русија има рок до 2 август да се усогласи со нуклеарниот договор

A1on

Патрушев: Американскиот дрон бил во иранскиот воздушен простор

A1on

„Блумберг“: Кина, Русија и Иран имаат намери да се вмешаат во изборите во 2020 година

A1on

Околу 300 војници го пребаруваат теренот по судирот на два борбени авиона во Германија

A1on