ДКСК ќе расправа за прогласување податоци за службена тајна

Годишниот финансиски извештај за 2018 година и годишниот план за јавни набавки за 2019 година, се на дневниот ред на денешната 17-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Антикорупциска, како што е најавено, на седницата покрај расправата по предмети од областа за спречување корупција и за можен судир на интереси, ќе расправа и за одлука за прогласување на податоци за службена тајна-доверливи податоци.

Членовите на ДКСК ќе го разгледуваат и известувањето за реализација на националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава 2019-2022.

Би можело да ве интересира

Штерјев: Не ми паѓа на памет да ја платам прекршочната на антикорупциска

Васко Маглешов

ВИДЕО: Антикорупционерите ќе испитуваат како се доделуваат државните награди

A1on

ДКСК одлучи дека нема нерегуларности при исплатата на субвенции на тутунарите

A1on

ДКСК ќе поднесе прекршочна за градоначалникот на Неготино

Галена Николовска-Ризвановиќ

Антикорупција проактивно да делува, да го користи КЗ за иницијативи за кривично гонење

A1on

Кривично да се гони Владимир Панчевски, бара Антикорупциската комисија

Мери Јордановска