Пјонгјанг: САД да ги преразгледаат последиците од заплената на севернокорејскиот брод

Амбасадорот на Северна Кореја при ОН, Ким Сонг синоќа порача дека САД би требало да ги преразгледаат последиците врз односите на двете земји, што ги нанесува заплената на севернокорејски брод од страна на американските власти во мај минатата година.

– Заплената на бродот претставува ужасен чин, што има за цел да изврши максимален притисок врз Северна Кореја и да ја натера на потклекне, изјави Ким.

Според него, со постапката на САД се „поништува атмосферата“ воспоставена на средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп во јуни 2018 година.

Американските власти во мај минатата година запленија севернокорејски брод под обвинение дека ги крши меѓународните санкции кон Пјонгјанг. Бродот веќе една година се наоѓа во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Илиноис ја легализираше марихуаната

A1on

Портпаролката на Меланија Трамп ќе биде нов портпарол на Белата куќа

A1on

Трамп: Напад на што и да е американско, ќе значи уништување на Иран

A1on

Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

A1on

Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје

A1on

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on