Американски авиони ловци следеле руски бомбардери за време на лет

Руски стратешки бомбардери „Туполев Ту-95МС“ извршиле набљудувачки лет долж крајбрежјето на Алјаска и Алеутските Острови, а во одредени делови на летот, тие биле следени од американски ловци Ф-22.

-Четири стратешки бомбардери Ту-95МС летаа низ воздушниот простор над неутралните води на Чукотско, Берингово и Охотско Море, долж западниот брег на Алјаска и северниот брег на Алеутските Острови, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението на Министерството се наведува дека руските бомбардери во некои делови од летот биле следени од американски авиони ловци.

Руските авиони поминале повеќе од 12 часа во воздух. Летовите биле спроведени со строго почитување на меѓународното право и без упаѓање во воздушниот простор на други држави, информираат руски медиуми.

Би можело да ве интересира

Лавров: Санкциите на САД против Иран се непромислени и дестабилизирачки

A1on

НАТО: Русија има рок до 2 август да се усогласи со нуклеарниот договор

A1on

Патрушев: Американскиот дрон бил во иранскиот воздушен простор

A1on

„Блумберг“: Кина, Русија и Иран имаат намери да се вмешаат во изборите во 2020 година

A1on

Гардијан: Руски тролови шират дезинформации за обид за убиство на Борис Џонсон

A1on

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ до 2020 година

A1on