Де Роси заминува во Бока јуниорс

Даниеле де Роси по се изгледа одлучил да игра за аргентинскиот Бока јуниорс, пишува „Фокс спортс“.

Истиот извор наведува дека 35 годишниот Де Роси веќе почнал да бара повеќе информации за Бока од неговите поранешните соиграчи од Рома, Дани Освалдо и Леандро Паредес.

Претседателот на аргентинскиот клуб Даниел Ангеличи, ниту го потврди, ниту го демантираше можниот трансфер на Италијанецот во Аргентина.

„Има време за разговор за засилувањата во јуни и јули. Тогаш ќе треба да се провери дали има понуди за нашите сегашни играчи. Доколку некој замине, тогаш некој друг ќе си дојде, но сега мислиме на неделниот натпревар“, изјавил тренерот на Бока.

Во недела се игра полуфиналето на Купот на суперлигата меѓу Бока јуниорс и Аргентинос јуниорс.

Би можело да ве интересира

Селекторот на Катар: Дојдовме да играме фудбал, не да се сликаме со Меси

A1on

Марадона го напушти Дорадос поради здравствени причини

A1on

Биелса останува во Лидс

A1on

Аргентина во Копа Америка без Икарди

A1on

Бока јуниорс преку пенали до Супер купот на Аргентина

A1on

Лоши вести за Меси

A1on